Визни ограничувања на албанско-грчката граница

Од:

Властите во Албанија ќе одговорат со реципрочни мерки откако грчките погранични власти воведоа посебни мерки за влегување на албански граѓани во Грција.

Според албански медиуми, грчките власти на двата гранични пункта Какавија и Кристалопиги не дозволиле влез на албански граѓани кои немале визи за престој во Грција.

Албанците се со биометриски пасоши со кои може да патуваат во Шенген, но според албанската телевизија Топ чанел, од вчера грчките власти не дозволувале влез во државата без визи.

Тие барале секој албански граѓанин кој влегува на грчка територија да носи со себе и конкретна сума пари.

Поради тоа, претставник на албанската полиција на граничниот пункт Какавија издал наредба да не се дозволува грчки граѓани да влегуваат во Албанија кои „не можат да објаснат за целта на својот престој во државата“.

– Ќе бараме од грчките граѓани да покажат сума пари која ја носат со себе и резервации за хотели во кои ќе отседнат, односно ќе бараме се што бараат грчките власти за граѓаните од Албанија, изјавил полициски претставник.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Граѓаните на Македонија јадат најмногу благо во регионот

(ВИДЕО) Им сечеле глави на кучиња и ги замрзнувале: Страшни снимки од прифатилиште за животни во Србија

А1он

(ВИДЕО) Хорор од Белград го шокираше светот: Уапсен татко кој брутално ја претепа својата ќерка тенисерка на тренинг

А1он

Курти за „Ла Република“: Постои опасност од нова војна меѓу Косово и Србија

А1он

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он