Вишковиќ доби мандат за состав на новата влада на Република Српска

Од:

Досегашниот премиер на Република Српска, Радован Вишковиќ, денеска е избран за нов мандатар за состав на владата на овој ентитет во БиХ.

Од 16 министерства, новата Влада на Република Српска ќе има осум Срби, пет Бошњаци и тројца Хрвати, најави денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој ја испрати одлуката до Народното собрание Вишковиќ да го добие мандатот за состав на новата Влада на РС.

Додик на прес-конференција во Бања Лука рече дека одлуката за мандатот ја донел по вчерашните консултации со претставниците на парламентарните партии на кои било утврдено дека Вишковиќ има мнозинство за состав на новата влада.

-Ова е дел од политиката на континуитет. Вишковиќ во изминатите четири години ги извршуваше своите должности во многу сложени и предизвикувачки околности, рече Додик и изрази надеж дека новата влада соодветно ќе одговори на сите предизвици.

Тој рече дека како претседател на Република Српска ќе побара од Радован Вишковиќ да се погрижи министрите да ја вршат својата работа посветено и одговорно.

Тој повтори дека Вишковиќ во моментов има мнозинство од 56 пратеници за формирање влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски

Република Српска ги прекинува евроинтеграциите

Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Предраг Петровиќ

Нов тест и криза: Собранието на Српска можно е да му забрани на Милорад Додик да оди во Судот на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ