Вишковиќ: Балканот е буре барут, но големите сили нема да дозволат вооружени конфликти во регионот

Од:

Премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ вели дека Балканот е буре барут, но се надева дека меѓународната заедница, вклучувајќи ја и Русија како клучен фактор на светската политичка сцена, нема да дозволи никаков вооружен конфликт во регионот.

– Балканот е буре барут и ова не е новина, туку ги одразува долготрајните тенденции во регионот. Сите настани во БиХ – терористички закани и миграциската криза, како и со Косово и слично – сето тоа ја потврдува тезата за Балканот како баре барут, изјави Вишковиќ за „Рускаја газета“.

Тој додаде дека се надева дека на Балканот повторно нема да има крвопролевање, бидејќи тоа никому нема да биде од корист, туку ќе донесе само страдање.

Изјавувајќи дека 21 век е време кога фокусот е на развојот на технологијата и научниот напредок, Вишковиќ нагласува дека е убеден дека конфликтот во регионот не може да им користи на геополитичките сили, туку само да им нанесе штета.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски