ВИДЕО: Женска екипа џепчии фатена на дело, краделе паричници и ваделе пари на банкомати

Од:

Полицијата во хрватскиот град Запрешиќ отворила криминална истрага против 46-годишна хрватска државјанка и 25-годишна државјанка на БиХ, кои се осомничени дека заедно со трета членка, која засега е непозната, „оперирале“ низ градот како тим од џепчии, крадејќи паричници од чанти, по што ги користеле украдените платежни картички за да извлекуваат пари од банкомати.

Според полицијата, екипата направила серија кражби во градот на 2 март, кога успеале да ограбат четири жени, со чии картички потоа оделе на банкомати, каде се обидувале да извадат пари. Во два случаи успеале, правејќи штета од околу 750 евра, соопшти хрватската полиција, која додава дека се трага по избеганата членка на бандата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби