(ВИДЕО) Вучиќ: Ситуацијата е критична, воведуваме полициски час од петок

Од:

„Денес е најтешкиот ден од почетокот на епидемијата, имаме 13 мртви, а во моментов имаме и над 120 лица на респиратори. Ситуацијата во Белград е алармантна“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредна прес-конференција попладнево.

Од утре, забранети ќе бидат собири на повеќе од пет лица, на отворено и во затворен простор, а од петок, ќе стапи на сила полициски час, кој ќе заврши во понеделник.

Вучиќ рече дека во моментов во Србија има 4.000 хоспитализирани пациенти. Додаде дека ситуацијата во главниот град е критична и апелираше до граѓаните да „не бидат себични“, бидејќи сега е неопходно да се зачува здравствениот систем на Србија, па затоа ги повика да ги почитуваат заштитните мерки и да бидат дисциплинирани.

Тој соопшти дека секојдневно се тестираат околу 9.000 луѓе и додаде дека во овој момент државата располага со 376 слободни респиратори. Како негова грешка, ја посочи армијата која не била веднаш ангажирана во Нови Пазар, а во своето дејстување била мошне ефикасна.

„Војската го донесе потребниот мир и јас сум горд на начинот на кој луѓето се однесуваат кон нив,“ рече српскиот претседател.

Вучиќ соопшти дека службите мораат да го избегнат судирот меѓу вирусот и сезонскиот грип кој ќе следи во блиска иднина и најави дека околу два милиони лица ќе бидат вакцинирани против грип, а како групи ги наведе: медицинските работници, војската, административците, децата и сите лица со хронични заболувања.

На прес-конференцијата српскиот претседател апелираше на внимателност и укажа дека од 1 ноември се очекува најголемиот бран на вирусот.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он