(ВИДЕО) Вучиќ: Провокација на Рама во Белград

Од:

Нема да дозволам никому во Белград да не понижува, Косово беше и сеуште останува дел од Србија, а никогаш немало никаква врска со Албанија, кажа српскиот премиер Александар Вучиќ пред албанскиот колега Еди Рама на прес конференцијата која директно се пренесување на државната телевизија.

Жалам за овој инцидент со спомнувањето на Косово во говорот на албанскиот премиер Еди Рама во Палатата Србија, рече Вучиќ. Тој сепак истакна дека разговорите со Рама ќе продолжат.

-Реалноста е дека ставот на Србија е следен-Косово е дел од Србија и задоволство ми е што можам да го повторам и пред господинот Рама, рече српскиот премиер и повтори дека жали што албанскиот премиер ја искористил приликата да го спомене независно Косово, иако било од претходно договорено дека тоа не е тема на разговорите.

Според него, ова е провокација на албанскиот премиер, но и дека со задоволство ќе ја прифати поканата да оди во Тирана каде што ќе повтори дека Косово е српско, а тоа е запишано и во уставот на Србија.

По острите зборови на Вучиќ, премиерот Рама го ослови српскиот премиер со неговото име.

Обраќањето на српскиот и албанскиот премиер беше пренесувано во живо на РТС, но без превод на албански јазик, се до последното новинарско прашање. Еди Рама рече дека реалноста е таа што независноста на Косово го направила Балканот посигурно место за живеење, што веднаш од страна на Вучиќ беше осудено како провокација.

-Рама нема никаква врска со Косово и Метохија. Јас не очекував провокација од негова страна, и не знамкаква врска има тој со Косово. Јас сакам да зборуваме за иднината, а не за минатото, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент