(ВИДЕО) Вучиќ: Од 1. април зголемување на платите на здравствените работници за 10 отсто

Од:

Претседателот Александар Вучиќ рече дека платите на сите здравствени работници ќе бидат зголемени за 10 отсто. Платите ќе бидат зголемени затоа што здравствените установи трпат голем притисок во борбата против коронавирусот, рече Вучиќ.

Во обраќањето пред јавноста за ширењето на коронавирусот во Србија, Александар Вучиќ рече дека платите ќе бидат зголемени од 1 април на сите здравствени работници – од возачи до стоматолози и специјалисти лекари.

Тој наведе дека тоа е договорено на состанокот со премиерката Ана Брнабиќ, за државата да им се заблагодари на здравствените работници за нивната одлична работа во борбата против вирусот.

„Ние ја донесовме оваа одлука во согласност со фактот дека здравствените установи се под најголем притисок и со цел да се зачува мотивацијата на луѓето кои се под голем притисок во овие околности, некои дури и под закани“, рече претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

Вучиќ: Очекувам големо насилство на 15 март, државата ќе знае како да се однесува

Вучиќ: Наскоро на опозицијата ќе и биде „отсвирен“ крај

Вучиќ: Нарушени се сите уставни права на студентите кои сакаат да студираат

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ