ВИДЕО: Вучиќ ги повика Србите од Косово да се повлечат од барикадите

Од:

Во овие невозможни услови, кога бевме на работ на конфликт, добиваме гаранции, кои се најсилните гаранции што сме ги имале досега кога станува збор за овие изјави кои доаѓаат од ЕУ и од САД околу барањата на Србите од Косово, рече на прес конференција Директортот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ.

„Претседателот Вучиќ се бореше за секоја педа да се договори, да спаси животи, вчера беше во Рашка, разговорите траеја до полноќ, се слушна со Лајчак и Ескобар“, рече Петковиќ.

Тој додаде дека Србите не сакаат да ја трпат суровоста на Албин Курти.

„Добивме официјално заедничко соопштение дека се исполнува второто барање, каде најважниот дел е да нема списоци за апсење или гонење на Срби за учество во мирни барикади“, рече Петковиќ.

Директорот на Канцеларијата за Косово во зградата на српската Влада изјави дека никогаш не добиле посилни гаранции од САД и ЕУ кога станува збор за барањата на Србите како нивен услов да се повлечат од барикадите.

„Секако најдобрата вест е што можевме да слушнеме дека Дејан Пантиќ е пуштен во домашен притвор. Ова е голема победа, пред се за српскиот народ на Косово, бидејќи покажува дека Дејан Пантиќ не е виновен за тоа за што е обвинет, за некаков тероризам.Тоа беше израз на политичката конфронтација на Аљбин Курти со Србите на Косово“, рече Петковиќ.

Поради сите овие гаранции рече Петковиќ, на состаникот во Белград со Србите од Косово, претседателот Александар Вучиќ ги замолил да се повлечат од барикадите. Тој вечерва ќе оди на административната линија, соопшти Петковиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија