ВИДЕО: Вучиќ чекаше во ред за да гласа

Од:

Србија денеска избира нов парламент, на неполни 18 месеци од последните парламентарни избори. Фаворит на предвремените избори е десничарската Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.

Избирачките места се отворени во 7 часот, а се затвораат во 20 часот. Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто пред девет часот пристигна на избирачкото место во Нов Белград. Тој дојде сам на гласачкото место и чекапе во ред за гласање четириесетина минути, јавува репортерот на ФоНет.

Првите резултати се очекуваат доцна навечер во недела.

Последните анкети и даваат мнозинство на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ, со 40 до 45 отсто од гласовите.

Вучиќ изминативе денови речиси секој ден се појавуваше на телевизија за да повика да се гласа за СНС, сугерирајќи дека постои опасност од хаос во земјата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Белградските и локалните избори во Србија ќе се одржат на 2 јуни

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“