Полицијата во Вањљево вчера го уапсила Ј.К.(75) поради сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство затоа што ја претепал сопругата (68) на терасата од семејниот стан.
Насилството вчера го пријавил сосед на брачната двојка.
Маж од својот стан видел дека постар маж удира жена на терасата од зградата спроти неговата. Тој повикал полиција, а патролата по пријавата излегла на терен. Осомничениот маж е уапсен, а жената е испратена во Ургентниот центар на болницата во Ваљево за да се утврди степенот на повредите кои ги добила од сопругот.
Valjevo! pic.twitter.com/oE9S8JUzwT
— Pluton (@Pluton45873221) September 2, 2023
На социјалните мрежи се појави видео од брутално насилство врз жената. На видеото кое е снимено со мобилен телефон, се гледа како жена лежи на подот од терасата, додека маж стои над неа и ја удира со раце по главата и телото. Додека ја удира несреќната жена, мажот нешто вика, пцуе и изговара погрдни зборови. Несреќната жена цело време е на подот, немоќна да му се спротивстави.
– Навистина сме вознемирени, ова е страшно! Што и да направила жената, никој нема право да ја тепа и да и се заканува по живот, особено затоа што не може да се брани. Сосетката ни е инаку болна, слабо се движи и има проблеми со видот, не гледа добро. Во секоја смисла таа е слаба личност и нејзиниот сопруг наместо да се грижи за неа, ја малтретира и малтретира – изјавија соседите на брачната двојка.