Насилникот Б.П. (35) од Белград откако ја претепал мајка си побегнал од дома и и испратил порака дека ќе направи поголем масакр од оној во „Рибникар“, за што несреќната жена веднаш ја известила полицијата, дознава „Телеграф.рс“.
По брзата акција на полицијата насилникот веднаш бил приведен и предаден на обвинителството.
Б.П. пред два дена ја претепал мајка си. Жената веќе неколку пати го пријавила синот, а во последниот случај кога и скршил рака ја повлекла пријавата. Неофицијално, во моментот на нападот Б.П. бил под дејство на алкохол.
Во неговата куќа во Земун не било пронајдено оружје.
Предметот го презеде Третото основно јавно обвинителство во Белград.