ВИДЕО: „Војна“ со солзавец и камења на улиците на Солун, специјалци разбиваа демонстранти против полицискиот час

Од:

Стотици демонстранти вечерва се собраа пред симболот на Солун, Белата кула, во знак на протест против одлуката на Владата да спроведе полициски час и нови рестриктивни мерки, кои стапуваат на сила рано наутро во сабота.

Според извештаите на грчките медиуми, проблемите започнале кога дел од насобраните почнале да фрлаат камења и стаклени шишиња кон полициските специјалци, кои возвратиле со солзавец кон толпата.

Снимките од вечерашните случувања на солунските улици најдобро ја покажуваат жестината на судирите што уследиja:

Според неофицијалните информации, повредени се десетици лица. Полицијата соопшти дека двајца полицајци имале полесни повреди, како и дека се уапсени десетина демонстранти.

Демонстрантите, кои се организираа преку социјалните мрежи, не носеле маски или ги носеле неправилно, забележуваат медиумите. Насобраните побарале да не се спроведува локалниот „локдаун“ во Солун, но и националните мерки кои вкчуваат полициски час, а кои стапуваат на сила во сабота наутро.

Би можело да ве интересира

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

„Кој е следен“: Ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните

Горан Наумовски

Свирежи до Владата, a потоа 16-минутен молк за жртвите од Кочани

Горан Наумовски

„Вие сте херои“ – граѓаните ги поздравија медицинските работници

„Секој еден, може да е следен”, „Правда за жртвите”, извикуваат граѓаните на денешниот марш во Скопје

„Кој е следен“: Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно

Горан Наумовски