„Кој е следен“: Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно

Од:

Ние сме граѓанска иницијатива, не сме поврзани со ниту една политичка партија. Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“ пред маршот што треба да почне вечерва во 19 часот од плоштадот „Македонија“.

Според неа, планови за натамошни протести нема, „Кој е следен“ нема лидерство и принципот на функционирање е „еден човек, еден глас“.

– Очекуваме транспарентност од истражните органи и поддршка од медиумите, очекуваме одговорност од сите поврзани со кочанската и сите претходни трагедии. Изразуваме целосна поддршка до медицинскиот персонал и сите вклучени во истрагата. На улица сме зашто треба да се слушне гласот на народот, секој револт на граѓаните е оправдан, нагласи Јаневска.

Протестот ќе почне со триминутно молчење, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани. Учесниците од плоштадот „Македонија“ преку Собранието ќе се упатот до Владата.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ