(ВИДЕО) Во големата акција во Србија: Полицијата апсеше криминалци, меѓу нив и познати мафијаши

Од:

По наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал во соработка со Службата за борба против дрога, Управата за криминалистичка полиција, по повеќемесечна предистражна постапка на територијата на Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин денеска 13 лица се уапсени М.С, М.Л, М.Ј, Д.Ѓ, М.М, Д.Н, И.Ц, Р.Р, Ѓ.П, М.Р, В.С, М.П. и Ј.Л., поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Како што дознава српски Курир, меѓу нив се и челниците на „балканскиот картел“.

– Оваа организирана криминална група која ја сочинуваат 20 лица е осомничена дека била вмешана во меѓународна трговија со дрога. Имено, организаторите и членовите на оваа организирана криминална група се осомничени дека во текот на 2020 година учествувале во набавка и транспортирање на повеќе од шест тони кокаин од Јужна Америка во земјите од Западна Европа и Република Србија – изјавија истражителите.

Меѓу уапсените се и Пинк Пантерот, Драган Ѓорѓевиќ – Гага, Глигорије Пељевиќ (73), Младен Лазаревиќ, Мирослав Старчевиќ, познат како Генерал, односно Дедо.

Би можело да ве интересира

МВР: Во тек е акција за апсење на неколку полицајци

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

Уапсен e музичарот Миле Кекин

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната