ВИДЕО: Во Белград растурена корона-журка со 500 луѓе

Од:

Околу 500 луѓе кои се забавувале со жива музика затекнала српските органи на редот вечерва околу 18 часот во кафеана во Белград, јавија српските медиуми.

Помошник-началникот на Комуналната милиција Ранко Шекуларац изјави дека затекнатите гости, одговорни за прекршување на заштитните мерки против ширењето на коронавирусот, биле санкционирани.

Тој додал дека забавата била организирана со пејач и бенд, кој настапувал на бина пред стотиците гости, од кои некои се обиделе да избегаат откако дошле комуналните службеници.

„Со асистенција на бригадата и на интервентната единица на полицијата, го испразнивме локалот и правното лице го казнивме со 300.000 динари (околу 2.500 евра), а одговорното лице со 50.000 динари (околу 400 евра),“ изјави Шекуларац.

Пејачот кој настапил во кафеаната, Слободан Радановиќ, е приведен и одведен на сослушување, пишуваат српските медиуми.

Незаконските забави и собири стануваат голем проблем во српската престолнина, но и во другите српски градови, предупредуваат здравствените власти. Утрово, други 150 гости биле затекнати во кафеана во Белград, а вчеравечер беше растурена журка со околу илјада луѓе на Ташмајдан.

Градоначалникот Горан Весиќ изјави дека ваквите случаи само ќе ги претстават угостителите во полошо светло, кога ќе се разговара за олеснување на заштитните мерки.

Би можело да ве интересира

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне

Во Србија запленета голема количина на дрога