(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Од:

Во Босна и Херцеговина денеска е ден на жалост, додека спасувачките тимови ја продолжуваат потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата што минатата недела го погодија северниот дел на Херцеговина и централна Босна.

Поради противењето на српските министри во Советот на министри на БиХ да се прогласи ден на жалост на државно ниво, вчера донесоа посебни одлуки од властите на двата ентитета и областа Брчко.

Потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните продолжи денеска во најтешко погодените села Долна Јабланица и Бутуровиќ Поле во општина Коњиќ.

Спасувачките тимови, меѓу кои и оние од Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, досега пронајдоа 21 безживотно тело на овие места и во Фојница во централна Босна.

Целата тешка механизација во моментов е фокусирана на чистење на главните и локални патишта. Тие ја пробиваат тињата на патиштата, а во исто време се врши поправка на водоводната, електричната и телефонската мрежа.

Во Херцеговина и натаму најтешка е состојбата на трасата кон Острошац и Бутуровиќ Поле, а се работи на санирање на свлечиштето.

Главниот пат што ги поврзува Сараево и Мостар се уште е отворен само за возила за итни случаи.

Метеоролошките служби во Босна и Херцеговина предупредија дека подрачјето на северниот дел на Херцеговина и централна Босна може повторно да биде зафатено од обилни врнежи во текот на ноќта и во среда, поради што се стравува од нови поплави и лизгање на земјиштето.

Тие особено се плашат од ова во Долна Јабланица, село од кое во голем дел е срамнето со земја при пад од карпа од див каменолом лоциран на ридот над селото. Овој камен порој се активирал од ненормални врнежи од дури 320 литри на метар во еден ден, што е просечна количина на врнежи за четири месеци.

Владата на Херцеговско-неретванската жупанија соопшти дека каменоломот воопшто немал дозвола за работа. Компанијата Сани д.о.о. Јабланица, која е формално заведена како сопственик, никогаш не добила концесија.

Надлежната инспекција во неколку наврати им забранувала да работат, па дури им изрекувала и парична казна, но жителите на Долна Јабланица тврдат дека таму вадењето камен се одвива со години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски