ВИДЕО: Тројца пренесени во болница по земјотресот во Грција, предупредување за цунами

Од:

Тројца жители на Грција по серијата земјотреси со епицентар во Јонското море, се префлени во болница, а издадено е предупредување за цунами. Засега нема податоци за жртви.

Земјотресот се почувствува во Грција, па дури и во Италија, Малта, Албанија, Македонија и Либија. Земјотресот најсилно се почувствувал на Закинтос, каде веднаш по потресот снемало струја.

Официјални лица од противпожарната бригада од Атина сооопштија дека нема податоци за штета или евентуални жртви. Меѓутоа портпаролот на грчката служба за цивилна заштита кажа дека тројца граѓани се пренесени во болница, од кои двајца со полесни повреди.

Очевидец на земјотресот во Грција, кој бил на 36 километри од епицентарот напиша дека потресот бил силен и дека предмети паѓале од полиците.

Грција лежи на две тектонски плочи и е често подложна на земјотреси.

Би можело да ве интересира

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Унгарија