Протестите во Србија, кои започнаа како реакција на полициската бруталност и барање политичка одговорност за катастрофата во Нови Сад во која загинаа 15 лица на железничката станица, кулминираа со студентската окупација на зградата на Ректоратот во Нови Сад.
Upravo su studenti iznenada upali u Rektorat u NS! Svaka čast hrabri studenti, Bastilja je osvojena! pic.twitter.com/iGytpr84aU
— Miran Pogačar (@MiranPogacar) December 12, 2024
Блокадата уследи по неколкудневните протести на факултетите и на улиците, на кои учествуваа студенти, професори и граѓани. Пред влезот во Ректоратот, пред зградата се одржа голем собир, каде насобраните му се спротивставија на ректорот Дејан Мадиќ, барајќи оставка. Причината е неговата јавна поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна странка на последните избори.
Studenti vijaju rektora po zgradi pic.twitter.com/Eeekjx4hFQ
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) December 12, 2024
Откако ја окупираа зградата на Ректорот, студентите час и половина чекаа ректорот да излезе од просторијата каде што се засолни. Кога конечно излезе, изјави дека нема намера да поднесе оставка. На прашањето на студентите кога ќе поднесе оставка, тој рече: „Кога ќе дадам оставка? Никогаш“.
Според извештаите на локалните медиуми, студентите претходно побарале ректорот да ги евакуира своите вработени и јавно да ги објасни своите постапки. Ректорот Мадиќ ги одбил тие барања, што дополнително ја зголемило тензијата. Во знак на солидарност со студентите, пред зградата на Ректоратот се собраа граѓани и професори кои бараат итна реакција од надлежните органи.
На критиките се приклучи и поранешниот ректор Фуада Станковиќ, кој посочи дека „ова е последен момент да се спаси угледот на Универзитетот во Нови Сад“. Исто така, студентите ги повикаа сите заинтересирани да им се придружат за „да му помогнат на ректорот да излезе од канцеларијата“, алудирајќи на неговиот обид да избегне соочување со демонстрантите.