ВИДЕО: Србин три години е заложник на Ал Каеда

Од:

Една телевизија од Дубаи објави видео запис од киднапираниот државјанин на Франција и Србија, Сержа Лазаревиќ, кој бил грабнат во Мали, во 2011 година од страна на Ал Каеда.

Тој во своето обраќање апелира францускиот претседател, Франсоа Оланд да помогне во негово ослободување, пренесе „ВВС“.

Педесетгодишниот Лазаревиќ бил грабнат заедно со Филип Вердон, исто така државјанин на Франција, кој е убиен во Мали минатата година.

-Ја користам оваа можност да го повикам претседателот на Франција, Франсоа Оланд да го договори моето ослободување, вели Лазаревиќ на снимката , зборувајќи на француски јазик.

Тој на снимката носи црн турбан, а зад него стојат двајца вооружени маскирани мажи, наведува бритскиот јавен сервис.

Инаку двајцата француски државјани беа киднапирани од припадници на Ал Каеда, за време на исламскиот Магреб (АКИМ) во Хомбор, во централен Мали на 23-ти ноември 2011 година.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски