Србија го ѕаврши коридорот 10, а делницата до бугарската граница денеска беше свечено пуштена за сообраќај во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и премиерите на Србија и Бугарија, Ана Брнабиќ и Бојко Борисов.
Бугарскиот премиер кажа дека со отворање на источниот крак од Коридорот 10 се спојуваат Западна и Источна Европа.
-Како Германците кои го имаа Берлинскиот ѕид и кој падна пред триесет години, и ѕидот помеѓу овие две земји, Србија и Бугарија, падна, рече Борисов и на Србија и ги понуди на користење приостаништата во Бургас и Варна.
-Среќата е мал збор за да опишам како се чувствувам денеска. Кога пред неколку години почнавме да ја менуваме земјата, ова го сакав. Сонот беше стотици километри модерни патишта. Ова е чудо. Направивме повеќе километри отколку во изминативе 40 години, рече Вучиќ.
-Коридорот 10 е завршен. Сега од границата со Хрватска до тука ќе се стигнува за помалку од 4 часа. Ова е транзитен коридор од Централна Европа до Турција, и натаму кон блискиот исток, рече тој.
Вкупната должина на Коридорот 10 во Србија изнесува 813 километри, а неговиот источен крак од Ниш до Димитровград изнесува 86,9 километри, каде што се изградени 87 мостови, пет тунели или вкупно 780.000 тони асфалт.
Вкупната вредност на источниот крак на Кориорот 10 се проценува на 476 милиони евра.