(ВИДЕО) Спасувачка акција на Шар Планина: Две Американки се изгубија, спасувачите ги бараа цела ноќ

Од:

Цела ноќ траеше потрагата и спасувањето на две планинарки од САД, кои вчера се изгубија на Шар Планина во областа на Ливадичкото Езеро. Спасувачката акција беше успешно завршена во утринските часови, иако теренот беше непристапен, а лошите временски услови значително го отежнаа пребарувањето.

Вкупно 12 спасувачи од Косовската планинска служба за спасување (SHKSHMK) учествуваа во оваа тешка операција. Покрај нив, во потрагата се придружија и припадници на Полициската станица Штрпце, припадници на Косовските сили, како и противпожарната служба на Штрпце. Голема помош пружија членовите на Радио Борзанија, кои активно учествуваа во пребарувањето на теренот во текот на целата ноќ.

Би можело да ве интересира

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Починат планинар пронајден на Шар Планина

А1он

Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус

Предраг Петровиќ

Алјаска: Тројца летонски алпинисти загинаа откако паднаа на планината Мекинли

Регистрирани две нови единки Балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет