ВИДЕО: Со секира се обидувале да го пробијат ѕидот за да ги спасат, морничави детали за пожарот во Нови Сад

Од:

Цело семејство, двајцата родители и четири малолетни дека загинаа во страотниот пожар во куќа во Нови Сад. Децата биле на возраст од две, четири, пет и седум години.

Таткото на жената која изгоре во пожарот, кој живее веднаш до нивната куќа, ги дели само ѕид, вели дека слушнале лелек, истрчале надвор, ја скршиле вратата, но не успеале ништо да направат, пожарот бил голем.

Се обиделе да го пробијат ѕидот со секира и чекан за да го извлечат семејството од пламените јазици, но за жал, шестчленото семејство не можело да се спаси.

Сите шест жртви спиеле во една соба од куќата и според првичните информации причина за смртта е гушење.

Соседите рекле дека сите спиеле, кога слушнале дека гори истрчале надвор, но огнот веќе горел и не можеле ништо да направат.

Се сомнева дека се запалила батеријата на електричниот велосипед, кој бил на полначот, што довело до страшен пожар во кој животот го загуби целото семејство.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски