ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

Од:

На социјалните мрежи се појави видео од хеликоптерот кој удри во болница во Турција при што загинаа четири лица.

Хеликоптерот на брзата помош е снимен непосредно пред полетувањето, а околу него се забележува густа магла.

Инспекторите се сомневаат дека временските услови довеле до несреќата, а на видеото се гледа како хеликоптерот едвај полетува.

Удри во четвртиот кат од зградата на болницата, при што загинаа пилотите, лекарот и еден член на персоналот.

– Хеликоптер на брза помош на Министерството за здравство при полетување удри во 4 кат во Тренинг и истражувачката болница и се урна. Маглата е густа, причината за несреќата се истражува. Хеликоптерот потоа падна на празен простор – изјави гувернерот на Мугла Идрис Акбик.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Би можело да ве интересира

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат