(ВИДЕО) Снимка од студентската блокада во Белград

Од:

Студентите во Србија денеска ја блокираа клучката во белградска Автокоманда, една од најголемите сообраќајни центри во градот. Најавија дека ќе ја блокираат Автокоманда 24 часа. На местото на блокадата се амбулантни возила, цистерна за вода, големи контејнери за ѓубре и мобилни тоалети, како што претходно соопшти српското МВР.


Студенти дојдоа во Автокоманда во неколку групи и од повеќе правци, а со студентите кои го блокираа Земјоделскиот факултет во Земун се и земјоделци со трактори кои вчера пристигнаа од Панчево.

Anadolu Agency објави снимка од воздух на која се гледа денешниот студентски собир на клучката. Видеото не ја прикажува моменталната ситуација.

Сообраќајот беше блокиран по улиците каде минуваа колони студенти.

По генералниот штрајк во петокот, на кој присуствуваа голем број граѓани, студентите денеска најавија радикализација на протестот преку целодневно блокирање на сообраќајната клучка – Автокоманда.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека сообраќајот денеска ќе биде пренасочен поради студентскиот протест кај Автокоманда додека трае 24-часовната блокада и ги повика организаторите да бидат одговорни бидејќи, како што наведе, ова е тест за сите.

Студентите во Србија во моментов блокираат повеќе од 60 државни универзитети. Тие бараат објавување на целата документација за реновирањето на зградата на Железничката станица во Нови Сад, каде во ноември минатата година се урна настрешница, при што загинаа 15 лица.

Иако властите во Србија претходно тврдеа дека е објавена целата документација за реновирањето на станицата, српскиот премиер Милош Вучевиќ во саботата најави дека денеска ќе бидат објавени нови документи на веб-страницата на српската влада.

Претседателот Александар Вучиќ во саботата побара од владата, инвеститорите, изведувачите и обвинителството да ги објават сите документи поврзани со Железничката станица во Нови Сад, за кои Градежниот факултет во соопштението наведе дека недостасуваат.

Би можело да ве интересира

Продолжува студентската блокада на РТС

Горан Наумовски

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда