(ВИДЕО) Снег ја зафати Србија: Се очекува да наврне до 20 сантиметри, завеан е и автопатот Милош Велики

Од:

Србија денеска ја зафати ненадеен студен бран кој донесе снег и температура од 0°С. Студениот фронт веќе утрото стигна до Бачка, а во текот на денот премина во дожд, кој потоа премина во снег. Обилните снежни врнежи зафатија поголем дел од земјава, а снегот ги завеа автопатот Милош Велики, патот Ваљево-Бајина Башта, но и Белград, каде засега има помала снежна обвивка.

 

Според прогнозите, формирање на снежна покривка од 1 до 10 сантиметри се очекува во поголемиот дел од Србија во текот на вечерните и ноќните часови. Во сабота се прогнозира дека јужните и централните делови од земјава ќе врнат од 5 до 15 сантиметри снег, додека на планините ќе наврнат дури повеќе од 20 сантиметри снег. Во Белград помала снежна покривка се очекува во пониските делови од градот, додека во повисоките делови може да се наталожат околу 5 сантиметри снег, а на планините како Авалу и Космај локално над 10 сантиметри.

Во текот на ноќта се очекува да престанат врнежите во северните делови на Србија, додека во Војводина врнежите би можеле да стивнат до претпладневните часови. Во останатите делови од земјава во текот на ноќта ќе се задржи облачно време со снег, со температури околу 0°С.

Снежно невреме, но во поголем интензитет ја зафати и Хрватска, каде паѓаа дрва на улици, паркинзи, врз автомобили и на фасади.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ