ВИДЕО: Снајперисти на зградите во Тирана, илјадници демонстранти сакаат да и го пресечат патот на делегацијата на Вучиќ

Од:

Албански граѓани се собраа во центарот на Тирана на протест против српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во градот како дел од иницијативата „Отворен Балкан“. Тие, исто така, поставија бина за демонстрантите во центарот на Тирана.

Последните информации кои ги пренесуваат албанските медиуми се дека демонстрантите ќе бидат поделени во две групи во обидат да ја пресечат колоната во која е српскиот претседател.

Една група, од илјадници демонстранти, протестира пред зградата на Владата во Тирана, која е недалеку од српската амбасада, односно на само неколку минути пешки од хотелот во кој е предвидено да се смести српската делегација.

Другата група планира да го пресече патот до колоната од аеродромот каде што е претседателот Вучиќ.

За одржување на редот во Тирана се распоредени 2.000 полицајци, додека на покривите на зградите се распоредени снајперисти.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски