(ВИДЕО) Шок бомби и солзавец на Косово: Полицијата влезе во општинската зграда во Звечан

Од:

На северот на Косово ескалира тензијата при обидот за преземање на зградите на органите на локалната власт. Приштина испрати силна полиција. Србите со тела ги бранат општините јавуваат српските медиуми.

Полицијата била испратена во Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Косовска Митровица.

Според медиумите, полицијата фрлила солзавец кон насобраните Срби, а се слушнале и детонации, најверојатно од шок бомби. Меѓу насобраните Срби има и повредени се вели во извештаите на српските медиуми.

Се започна кога повеќе од десетина припадници на косовската специјална полиција со џипови пристигнаа во зградите на локалната самоуправа во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска издаде наредба за подигање на борбената готовност на српските вооружени сили на највисоко ниво.

Вучиќ потпишаа наредба за подигање на борбената готовност на единиците на Војската на Србија на највисоко ниво и им нареди да се движат во правец на административната линија со Косово.

Би можело да ве интересира

Средба Вучиќ-Курти по девет месеци пауза

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Дачиќ: Ако Србија реши да војува, на Косово нема да му помогнат ниту милион „Џавелини“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во огромни колони, Србите од Косово одат да гласаат во централна Србија

Катерина Ѓуровски

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он