(ВИДЕО) Се преврте трактор со приколка кој превезуваше 16 матуранти, дел од нив завршија во болница

Од:

Хрватската полиција соопшти дека вчера се повредени 16 матуранти во Истра. Оттаму потврдија дека превртениот трактор со приколка во која се превезувале матурантите го управувал малолетник.

16 лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 10.35 часот во Пртлог. Полициски службеници извршиле увид на местото на несреќата и утврдиле дека до несреќата дошло кога малолетник пред да се стекне со право на управување моторно возило управувал трактор.

Откако стигнал до остра кривина и удолнина, возачот од засега непознати причини го префрлил тракторот на спротивната страна од коловозот, потоа го напуштил коловозот и продолжил да се движи напред, по што ја пробил заштитната ограда и слетал по косината. Притоа, приколката се одвоила од тракторот и се превртела, а 15 патници испаднале од приколката и се здобиле со повреди.

Покрај патниците, повреден е и малолетникот кој го управувал тракторот, а на лице место лекарска помош добиле сите, по што во болницата во Пула медицински се згрижени 14 лица, а две лица се пренесени во болницата во Риека.

Полициските службеници продолжуваат со утврдување на околностите на настанот, соопшти полицијата.

ХРТ утринава јавува дека осуммина матуранти се уште се во болница.

Тројца ученици се тешко повредени. Ученичката која имаше рани во градниот кош беше оперирана и се чувствува добро. Ученик со скршен скочен зглоб и рака ќе биде опериран во текот на денот. На третото повредено лице најверојатно нема да му треба никаква операција.

Фото: Istarski.hr

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Четворица повредени откако „БМВ“ излета на автопатот Скопје-Тетово

Се прави план за долгорочно лекување во надворешни центри на повредените во дискотеката „Пулс“

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница