(ВИДЕО) Пукна прозорец во авион, повреден 61-годишен српски државјанин

Од:

Во текот на летот од Солун кон Минхен се случил сериозен инцидент откако дошло до оштетување на прозорец во кабината на авионот, што предизвикало декомпресија и паника меѓу патниците. Леталото, кое полетало од аеродромот „Македонија“ во Солун, по инцидентот безбедно се вратило на аеродромот на поаѓање.

Според грчките медиуми, повреден е 61-годишен државјанин на Србија кој седел во близина на оштетениот прозорец. Наводно, за време на спуштањето дел од моторот се одвоил и удрил во прозорецот, по што дошло до нагло намалување на притисокот во кабината.

Сведоци раскажуваат дека патникот бил изложен на силен воздушен удар и дека останатите патници реагирале брзо за да му помогнат. Според нивните тврдења, безбедносниот појас одиграл клучна улога во спречување на потешки последици.

Повредениот бил свесен по слетувањето, но се наоѓал во состојба на шок. Со возило на брза помош бил пренесен во болница во Солун, каде што му биле констатирани повреди на вратот и изгореници.

Од претпазливост, уште четворица патници биле прегледани во болница. Тројца од нив биле пуштени на домашно лекување, додека едно лице останало под медицински надзор за дополнителни испитувања.

Надлежните служби започнаа истрага за утврдување на причините за инцидентот и околностите под кои дошло до оштетување на авионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна украински Су-24, загинаа двајцата членови на екипажот

Авион се урна во Мисури, загинаа 11 падобранци и пилот

Драма во Босна и Херцеговина: Авион слета на ливада, има повредени

Кремљ ја призна катастрофата: Руски „Панцир“ собори патнички авион, 38 лица загинаа

(ВИДЕО) Либија во шок: Началникот на Генералштабот и придружбата загинаа во пад на авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се урна авион со високи воени функционери

Горан Наумовски