ВИДЕО: Пронајдени уште тела, порасна бројот на мртви во поплавите во Босна

Од:

Најмалку 20 лица загинаа во поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина во ноќта од четвртокот кон петокот.

Владата на Херцеговско-неретванскиот кантон вчера соопшти дека бројот на жртвите во поплавите е помал од оној најавен во петокот и дека на подрачјето на тој кантон загинале 13 лица, а не 14, како што претходно соопшти кантоналниот МУП. Во текот на денот биле пријавени уште две жртви на подрачјето на тој кантон, па заклучно со саботата загинале 15 лица.

Три лица загинаа во Фојница, во областа на Централниот босански кантон, така што на национално ниво, од саботата, официјално е потврдена смртта на 18 лица.

Две тела денеска беа извлечени во областа Долна Јабланица, а сега вкупниот број на загинати е 20.

Би можело да ве интересира

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Судот на БиХ побара распишување меѓународна потерница за Додик

Катерина Ѓуровски

Додик го игнорира Обвинителството, не се појави на распит за напад на уставниот поредок на БиХ

Катерина Ѓуровски

Страотен случај во Босна: Момче го убило пријателот, го сечел телото за да го сокрие во куфер

Катерина Ѓуровски

Полицијата во Брчко пронајде 31 дете во куќа, тројца уапсени за трговија со луѓе