ВИДЕО: Пролетен снег ја завеа Хрватска

Од:

Хрватска од денеска е зафатена од студен бран и во делови од земјата снежно невреме, некаде со температури и до 18 степени пониски од вчерашните. Делови од земјата се погодени од поројни дождови, некаде има снежна покривка, а во голем дел дува силен ветер.

Утрово падна снег во Горски Котар и Лика и температурите се околу нула и се за десет степени пониски од вчерашните. Утрово измерени се 7 сантиметри снег во Делнице, а 10 сантиметри во населбата Бегово Раздоље. Од службата за Хрватските автопатишта повикуваат граѓаните да не поаѓаат на пат без посебна потреба.

Поради силниот ветер, Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена е затворен за секаков сообраќај, а поради лошите временски услови, во прекин се и некои фериботски и катамарански линии, објави Хрватскиот авто-клуб (ХАК).

Поради oрканскиот ветер и снег, во моментов нема слободна рута за камиони со приколки и полуприколки од правецот на внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.

Дел од Јадранот синоќа беше погоден од најавениот силен дожд, кој предизвика големи бранови во тој дел на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

Интензивни врнежи од снег, отежнат е сообраќајот низ цела Босна

Предраг Петровиќ

Врне снег на Попова Шапка и на превојот Буково