Повеќе илјади граѓани на Беране и денеска протестираа поради контраверзниот закон за слободата на вероисповест кој се смета дека претставува удар на позицијата на Српската православна црква во Црна Гора.
Pivljani ne daju svetinje
Posted by Objektiv Story on Четврток, 16 јануари 2020
Учесниците се собраа во центарот на градот, од каде продолжија до три километри оддалечениот средновековен манастир.
Во Жабљак исто по молебенот во црквата жителите тргнаа на протест по улиците.
A na Bulevaru našeg Svetoga Petra Cetinjskog, iz pravca hrama slila se rijeka mirnih dostojanstvenih ljudi sa jednom, zajedničkom mišlju: Ne damo svetinje
Posted by Objektiv Story on Четврток, 16 јануари 2020
Верниците се собраа и во Тиват, а најдолги беа колоните вечерва во Подгорица каде над 20 илјади луѓе тргнаа во молитвен од.
GOSPODE BOŽE MOJ, BLAGOSLOVI NAROD TVOJ!Rijeka sačinjena od hiljada i hiljada ljudi u litiji kroz Podgoricu!
Posted by Objektiv Story on Четврток, 16 јануари 2020
Црногорскиот закон за слободата на вероисповеста кој беше усвоен на 27 декември предвидува државата да стане сопственик на сите верски објекти кои се изградени пред декември 1918 година, доколку не се утврди дека некоја од верските заедници е вистински сопственик.