ВИДЕО: Повторно тензии на Косово, солзавец и инциденти во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток

Од:

Голем број припадници на КФОР со опрема за разбивање демонстрации утрово беа распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Зад нив стојат сили на косовската полиција кои не им дозволуваат на насобраните Срби да се приближат до зградите јавуваат српските медиуми.

Неколку стотици Срби се собраа пред општинските згради на северот на Косово и бараат повлекување на косовската полиција и новоизбраните албански градоначалници, Србите не учествуваа на локалните избори и одбиваат да ги признаат албански претставници на власт во општините каде Србите сочинуваат повеќе од 95 отсто од населението.

Припадниците на италијанската секција на КФОР се на влезот во Бошњачкиот Махал, каде се стационирани од раните утрински часови. Присутни се неколку џипови и камиони со повеќе од 100 војници.

Во близина на општина Звечан се присутни и голем број припадници на КФОР од полскиот контингент, кои го формираат првиот прстен на „безбедност“ околу општинската зграда, во која новиот градоначалник влезе ов петокот кога исто така имаше нереди.
Зад припадниците на КФОР, во близина на самата општинска зграда, стојат припадници на косовската полиција.

Припадниците на КФОР се распоредени пред зградата на општината, додека специјалците во моментов се повлекле кон зградата на општината. Стотици граѓани протестираат по улиците на Звечан и чекаат одговор на нивните барања. Има претставници на Српската листа, поранешни градоначалници на општините Северна Митровица и Звечан, Милан Радојевиќ и Драгиша Миловиќ.

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово

(ВИДЕО) Петковиќ покажа слика од убиениот Србин: Егзекуцијата е извршена лице в лице

Катерина Ѓуровски