ВИДЕО: Порој во Словенија однесе жена која остана заробена во автомобил

Од:

Страшното невреме ја поплави Словенија, илјадници луѓе се отсечени, а бројни патишта беа затворени. Меѓу поплавените патишта се и патиштата Межица – Преваље и Холмец – Преваље во градот Пољана во регионот Корушка во северна Словенија, недалеку од границата со Австрија.

Таму била спасена жена која била заробена во автомобил кој поројот го однел.

„Фала му на Бога, успеавме да ја извлечеме госпоѓата со помош на јаже… Во близина имаше и двајца алпинисти, а имавме и опрема во автомобилот“, вели Јасмин Бајректаревич, кој учествувал во спасувањето.

„Сите бевме во шок, жената извика „помош“, а ние брзо дејствувавме“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег