(ВИДЕО) Пленковиќ и одговори на Србија: Сега станав главен усташ

Од:

По обвинувањата од Србија дека Хрватска лобирала ЕУ да и забрани на Србија да увезува руска нафта во новиот пакет санкции против Русија, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ зборуваше од Прага.

„Сега сум на чело на усташите во Србија. Сега од таблоидите се преселивме во овие, под наводници, посериозни медиуми. Но, овде работите треба да се кажат како што се“, рече тој, пренесува N1.

„Прво, сè што беше усвоено на ниво на ЕУ беше усвоено заедно. Второ, Србија, и тоа го кажав неколку пати, не може да седи на две столчиња во овие околности. Не може да дојде овде, да разговара за европската перспектива, да очекува големи чекори напред и да не почитува никакви санкции против Русија.

„Првпат доживеав дека сум усташ, тоа е реторика која е надвор од секакви рамки и надвор од секој разум. Србија нема да биде загрозена“, изјави премиерот пред средбата.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија