Под слоганот „Ова е тоа што нѐ обединува“, попладнево во центарот на Атина се одржа традиционалната парада на гордоста на која учествуваа илјадници граѓани.
Учесниците велат дека и покрај пандемијата, оваа година парадата беше една од помасовните.
Граѓани на различна возраст, маршираа низ улиците во Атина, а парадата традиционално заврши пред грчкиот Парламент.
«Αυτό που μας ενώνει». H πιο όμορφη, πολύχρωμη κι αγαπησιάρα γιορτή της πόλης. #AthensPride pic.twitter.com/nWdy6NrReX
— ROSA (@rosa_progress) September 11, 2021
Овој пат, поради мерките за заштита од Ковид-19, по завршувањето не се одржа концерт, како што беше случај претходно.
„Не за булингот, да за љубовта“; „Љубовта е за сите“; „Сакаме љубов и еднаквост, а не страв и несигурност“; „Љубовта е непобедлива“; „Излези, биди горд“; „Еднаквост за сите“, беа дел од пораките што ги испратија учесниците на парадата.
Поддршка за парадата изразија и политичките партии СИРИЗА и Движење на промена.
Парадата во Атина, од 2005 година традиционално се одржува секоја година во јуни, но овој пат, беше одложена поради пандемијата.