(ВИДЕО) „Ова е еколошка катастрофа“: Се појави нафтена дамка во Јадранско Море

Од:

Хрватската општина Медулин преку Фејсбук ги информираше мештаните дека во раните утрински часови во кампот Ступице во Премантура била забележана пловечка материја, чиј мирис и својства наликуваат на нафтен дериват.

„Општината веднаш ги испрати сите служби на терен, ги извести сите надлежни служби и почна со поставување на апсорбентни брани и чистење на теренот. По детална анализа ќе бидат објавени повеќе информации“, соопштуваат од Општината.

Читателите на порталот „Истра24“ кои престојуваат во кампот Ступице велат дека станува збор за еколошка катастрофа. Истиот портал неофицијално дознава дека дамката е откриена утрово и е видлива на неколку стотини метри од брегот на Премантура. Општина Медулин објави известување за дамката во 15 часот.

Наводно, голем танкер синоќа бил забележан како брзо поминува покрај брегот на Медулин. Сите надлежни општински, жупаниски и државни служби се на терен. Читател на „Истарски“ објави дека дамката се проширила од Бодулаш до Леваниќ и низ Кварнер.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот