(ВИДЕО) Осми ден протести во бугарската престолнина

Од:

И вечерва на улиците на Софија излегоа илјадници граѓани кои веќе осми ден протестираат барајќи оставка од владата на Бојко Борисов поради зачестените корупциски скандали.

Паралелно, посебен собир се одржа пред зградата на државната телевизија, каде демонстрантите бараа оставка од генералниот директор Емил Кошлуков.

Изминатите денови, демонстрациите во бугарската престолнина беа и насилни, а група незадоволни граѓани се судрија со полициските специјалци при обид да влезат во зградата на Националниот совет.

Протести вечерва се одржаа и во други бугарски градови, а здруженијата на Бугарите во дијаспората протестираа во повеќе европски градови.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ

„Рацете подалеку од нашата демократија“ – масовни протести во САД против Трамп и Маск

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски