ВИДЕО: Оштетен хрватски авион слетал во Сараево, бил погоден со куршум

Од:

Авион на Кроација ерлајнс кој во средата вечерта од Загреб слетал на пистата на Меѓународниот аеродром во Сараево, има оштетувања за кои се претпоставува дека настанале од огнено оружје.

По примените информации дека со редовната контрола на авионот на аеродромот Сараево, кој стигнал од Загреб, на трупот на леталото било забележано оштетување за кои постои можност да е нанесено со куршум од огнено оружје, дежурниот обвинител на Обвинителството на Босна и Херцеговина побарал спроведување увид со присуство на Дирекцијата на цивилното воздухопловство на БиХ.

Забележаното оштетување не ја загрозило безбедноста на летот и патниците, а со деталниот преглед ќе се утврдат начинот на оштетувањето, како и безбедноста на авионот за понатамошни летови, соопштило обвинителството.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин