ВИДЕО: Не знам што сме им згрешиле на Бугарите вели Вучиќ откако осум држави не дозволија Србија да го отвори третиот кластер

Од:

Не знам што сме им згрешиле на Бугарите, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната одлука на осум држави да не ѝ дозволат на Србија да го отвори третиот кластер од преговорите со Европската Унија.

На вчерашната седница против беа Естонија, Летонија, Литванија, Шведска, Финска и Холандија, како и Хрватска и Бугарија.

„Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, немаш да знам како да кажам и објаснам, ми се чини дека разбирам кои се вистинските причини, без разлика што никогаш нема да ги слушнете. А за Хрватите сè разбирам, немам голем проблем да разберам, а за нас има две важни вести да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив“, вели Вучиќ.

Исклучително позитивно е, посочува, што Германија е апсолутно за отворање на кластерот три, додека Франција и Италија беа и остануваат за тоа.

„Им благодариме ако ни го отворат тој кластер три. Благодариме дури и ако не го сторат тоа. Нема проблем. Следната година ќе се стремиме да бидеме најбрзо растечката економија во цела Европа“, рече претседателот на Србија.

Би можело да ве интересира

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани

Вучиќ најави народен митинг: Најдолгото српско знаме ќе се појави на улиците во Белград

А1он

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Вучиќ: Нема да има преодна влада

А1он

Вучиќ: Државата секогаш сака да разговара, а ректорот не – ако не сте работеле, не можете да добиете плата

А1он

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски