(ВИДЕО) Напади врз новинарски екипи во Лепосавиќ: Снимател на РТК клоцан додека лежи на пат

Од:

Во Лепосавиќ нападнати се новинарски екипи на локални медиуми кои известуваат на албански јазик. По тој повод физички бил нападнат и повреден снимател на Радио-телевизија на Косово, соопшти оваа медиумска куќа. Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите и Здружението на косовските новинари го осудија денешниот напад врз снимателот на РТК Бардо Бектеши во Лепосавиќ.

Видео од нападот на снимателот на социјалните мрежи објави и радио-телевизија на Косово. На снимката се гледа како камерманот и неговиот колега ги бркаат неколку мажи, а едно од маскираните млади момчиња го сопнува снимателот и почнува да го клоца додека тој лежи на патот.

Искршена е камерата на Бектеши.

Здружението на косовските новинари уште еднаш упати итен апел до косовската полиција и меѓународната заедница да овозможат безбедно известување од север.

Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите го осуди денешниот напад врз снимателот на РТК Бардо Бектеши во Лепосавиќ.

Вчера во Звечан било искршено возилото на Радио-телевизија на Косово додека екипата известувала за протестите во таа општина на северот на Косово. Искршени се стаклата на автомобилот, а дупнати се и гумите.

Би можело да ве интересира

Поранешен портпарол на НАТО: Примете го Косово во НАТО, веднаш..

Три жени исчезнаа на Косово

Поранешниот советник на Пацоли призна дека тој го нарачал убиството на неговата сопруга

Горан Наумовски

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Фалсификуваните евра запленети на Косово биле печатени во Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Убиена е сопругата на Наим Мурсели, поранешен советник на Беџет Пацоли

Горан Наумовски