Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ бил оттурнат од коњ откако му врачил награда на победникот на витешки натпревар. Милановиќ се обидувал да се фотографира со победникот на натпревар во Барбан, но немирното животно го оттурнало.
Обезбедувањето било близу и не дозволило хрватскиот претседател да падне. Настанот бил снимен од Хрватската радио телевизија.