Небесна молња, обичен огномет или нешто трето, на 3-ти јануари се запрашал и сопственикот на оваа необична снимка.
Во Црна Гора е забележан пад на метеор и тоа многу пред овој во Русија кој падна пред неколку дена. Благодарение на еден гледач, црногорската ТВ Вести добила снимка на која ова јасно се гледа.
„Пад на метеор. Тоа можеби и не би било толку спектакуларно да не видовме какви последици може да направи во Русија. Морам да ви кажам дека оваа сника е фасцинантна, и да сте ја објавиле пред неколку дена кога тоа беше актуелно ќе поминеше низ целиот свет. Нема никаква разлика помеѓу оваа снимка и онаа од Русија“ – вели Игор Дајковиќ, астроном.