(ВИДЕО) Малата Данка од Србија ја нема речиси 24 часа, во тек е голема потрага по неа

Од:

Втор ден трае потрагата по Данка Илиќ, двегодишното девојче кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во Србија. Данка во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна.

Мајката раскажала како Данка исчезнала додека одела да му даде вода на постарото дете.

– Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше, раскажала преплашената мајка за Телеграф.

Веста за исчезнувањето брзо се прошири на социјалните мрежи. Во потрагата учествуваат војска, полиција, кучиња трагачи, граѓани. Системот за алармирање Амбер наречен „Најди ме“ беше активиран за прв пат во Србија. Информацијата за исчезнатото девојче е испратена преку СМС до сите граѓани на Србија.

Би можело да ве интересира

Грчката полиција бара помош: Исчезна 15-годишно девојче

Пред шест дена исчезна девојче од Хрватска, семејството моли за помош

Горан Наумовски

Се огласи мајката на Данка: „Само да се врати жива, тогаш ќе зборуваме за се“

A1on

Објавени фотографии од тунелите, Данка ја нема ниту таму

Предраг Петровиќ

Соседот на исчезнатата Данка детално опиша што се случило кобниот ден

Горан Наумовски

Полицајци и пожарникари се упатиле кон местото каде што исчезна двегодишната Данка Илиќ