ВИДЕО: Мачни сцени на судењето на „малчанскиот бербер“, кој киднапираше 12-годишно девојче

Од:

Во Вишиот суд во Ниш денеска продолжи судењето на Нинослав Јовановиќ, попознат какп „малчанскиот бербер“, за киднапирањето и силувањето на 12-годишната Моника Каримановиќ на крајот на минатата и почетокот на оваа година.

Девојчето на денешното рочиште сведочело од посебна просторија, во придружба на една жена, додека родителите биле во судницата, раскажа мајката на Моника за затвореното рочиште. Таткото, скршен од потресното сведочење за пеколот низ кој поминала неговата ќерка во 10-те дена во кои ја држел Јовановиќ, не можејќи да издржи, ја напуштил судницата.

„Се чувствувавме грозно, но од друга страна ни беше драго што Моника ја зборува вистината и што уште еднаш докажа дека таа е само лавица и ништо повеќе. Раскажа се и го опиша секој детал. Рече дека ѝ паднал камен од срцето откако сведочела,“ изјави мајката на Моника, Александра.

„Малчанскиот бербер“ се соочува со долга казна затвор за киднапирањето на 12-годишното девојче, кое го пресретнал додека се враќало од училиште и десет дена го водел со себе и се изживувал врз него.

Озлогласениот силувач и насилник Јовановиќ, кој веќе има одлежано преку 20 години во затвор за два други случаи на силување, бил на слобода само девет месеци пред да ја киднапира Моника Каримановиќ. Тој беше уапсен на 5 јануари, откако вкупно 17 дена ѝ бегаше на полицијата, менувајќи места за криење и вешто избегнувајќи ги потерите.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија