(ВИДЕО) Луѓето на митингот го фалат Вучиќ: „Само тој и тој, никој друг“

Од:

Две жени од Пирот за Танјуг изјавија дека дошле да го поддржат претседателот Александар Вучиќ и се согласиле дека „нема подобар од него“. „Дојдов од Врачар да го поддржам мојот претседател, не дај боже и да бев болна, ќе морав да дојдам, нека остане со нас, добар е со нас, само тој и тој, никој друг. Се грижи за децата и ги сака сите, никого не мрази, сака да помага и да дава на сите, да живее Вучиќ“, вели една госпоѓа која, како што вели, е од белградската општина Врачар.

Еден од посетителите доаѓа од Република Српска, од Добој и ги поздравува сите луѓе од тој крај и истакна дека дошол да му даде поддршка на Вучиќ и сето тоа што го прави. „Дојдов да го поддржам претседателот, тој направи многу и никогаш во животот не можеме да му се оддолжиме за се што направи“.

„Собирот е одличен, сигурно ќе дојде уште многу луѓе. Дојдов од Пожаревац и многу луѓе дојдоа со мене да го поддржат претседателот и Србија“, вели жител на Пожаревац.

На собирот пристигна и премиерката Ана Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Им стоиме на располагање на нашите браќа Македонци, подготвени сме да прифатиме повеќе луѓе

Горан Наумовски

Лончар: Во Србија пристигнуваат уште 12 пациенти од Македонија

Предраг Петровиќ

Повредените со изгореници се во шок соба на ВМА во Белград

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Парламентарните избори може да се одржат на 8 јуни

А1он

Вучиќ изрази сочуство до Силјановска – Давкова: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови

Вторник е ден на жалост во Србија поради жртвите во Кочани