(ВИДЕО) Крвава војна на кланови: изрешетан навивач на Партизан, цел би човекот кој прежвеа 10 атентати

Од:

Во пукањето што се случи синоќа околу 21 часот во познат ресторан во Нов Белград, тешко е повреден 30-годишниот навивач на Партизан, Н.К. Тој седел на истата маса со Ненад Алајбеговиќ Алибег, поранешниот водач на навивачката група „Забрањени“, за кого се сомнева дека е вистинската цел на нападот.

Според очевидци, напаѓачот со качулка се приближил до масата каде што седеле Алајбеговиќ и Н. К. на првиот кат од ресторанот. Стоел зад нив речиси една минута, преправајќи се дека гледа во мобилниот телефон, пишува Телеграф.

Еден од сведоците детално го опишал моментот на нападот. „Гледал во телефонот, потоа застанал, го извадил пиштолот и пукал три или четири пати. Алибег истрчал по скалите, а човекот му се приближил на човекот кого го застрелал и испукал уште неколку куршуми“, рекол очевидецот.

Штом напаѓачот го извадил оружјето, Алајбеговиќ инстинктивно избегал на горниот кат од ресторанот, избегнувајќи ги куршумите. Потоа напаѓачот се фокусирал на Н. К. и го испукал целиот шаржер кон него – осум истрели во стомакот и нозете. По бруталниот напад, тој избегал во непознат правец.

Тешко ранетиот Н. К. бил итно префрлен во болница, каде што лекарите се борат за неговиот живот. Поради сериозноста на повредите, веднаш бил опериран. По дојава, полицијата ја започна операцијата Вихор 3, блокирајќи ги клучните патишта во Белград во потрага по сторителот. Се сомнева дека ова е продолжение на клановска војна, а истрагата ја презеде Вишото јавно обвинителство во Белград.

Ненад Алајбеговиќ (44), попознат како Алибег, е клучна фигура во овој настан и лицето кое, според сите извештаи, требало да биде жртвата. Поранешниот водач на навивачката група на Партизан „Забрањени“ има долго криминално досие со повеќе од 60 кривични пријави, главно за трговија со дрога, предизвикување тешки повреди и нелегално поседување оружје, објавува Телеграф.

Првпат бил приведен на 12-годишна возраст и има неколку затворски казни зад себе. Последен пат бил ослободен од затвор во март оваа година.

Вчерашниот напад е само последен во низата. Алибег досега преживеал најмалку десет атентати, поради што полицијата верува дека овој пат бил вистинската цел. Во јули 2010 година, во него било пукано пред зграда во Нов Белград, но напаѓачот промашил.

Во јануари 2020 година, тој бил тешко ранет во напад со нож, а напаѓачот носел силиконска маска. Само неколку месеци подоцна, во јуни, повторно бил ранет, овој пат во ногата.

Преживал нов напад во ноември истата година. Последниот обид за атентат пред вечервашниот се случи во јули 2025 година, само четири месеци по неговото ослободување од затвор, кога напаѓачот испука неколку куршуми кон неговиот автомобил.

Името на Ненад Алајбеговиќ често се споменува во контекст на пресметката со таканаречениот „вештерски клан“. Членовите на оваа група се осомничени дека се обиделе да го убијат три пати во текот на 2020 година, а планови за негова ликвидација беа пронајдени и во пресретнатите пораки на „Скај“.

Алибег бил близок пријател на убиениот Александар Халабрин, за чие убиство се суди „вештерскиот клан“. Халабрин бил со него кога бил ранет во јануари 2020 година, а Алајбеговиќ сведочел за нивното пријателство на судењето. Медиумите објавија пораки од апликацијата „Скај“ во кои членовите на кланот, по убиството на Халабрин, коментирале дека „Алибег наскоро ќе оди кај својот пријател“.

Она што дополнително ја комплицира истрагата е наводниот недостаток на соработка на Алајбеговиќ со полицијата. По секое ранување, тој одбиваше да открие кој би можел да стои зад нападите, сугерирајќи дека има намера самиот да ги реши „несогласувањата“, со што ќе го продолжи смртоносниот циклус на насилство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Автомобил заврши во куќа во Србија, објавена е снимка

(ВИДЕО) Полицијата пресретна „порше“ при брзина од над 233 километри на час

А1он

Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Горан Наумовски

Пауновиќ најавува нова ера: Го враќаме српскиот фудбал каде што му е местото

Експлозија во воена фабрика во Србија, има повредени

Месаровиќ: Бизнис форумот е круна на интензивната македонско–српска соработка

Горан Наумовски