ВИДЕО: Косовските власти обвинуваат за инциденти и палења, српски авиони го надлетуваат преминот Јариње

Од:

Кризата во северно Косово, област на границата со Србија населена со мнозинско српско население, предизвикана од одлуката на Владата на Албин Курти да воведе реципроцитет кон соседната држава со времените регистарски таблички, во текот на минатото деноноќие се продлабочи, откако засега непознати сторители запалија два објекти тврдат косовските власти.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља денеска информира дека синоќа по полноќ е запален Центарот за регистрација на возила, кој се наоѓа во објектот на општината Зубин Поток, а нападнат е и Центарот за цивилна регистрација во Звечане.

Во објава преку својата страница на Фејсбук, Свечља оцени дека станува збор за „криминални акти со терористички елементи”.

-Денеска во еден часот по полноќ, во криминални акти со терористички елементи предизвикани од сомнителни лица, е запален Центарот за регистрација на моторни возила кој се наоѓа во објектот на општина Зубин Поток. Косовската полиција веднаш излезе на местото на настанот и наскоро ќе имаме повеќе информации. Исто така нападнат е и Центарот за цивилна регистрација во Звечане, каде што има сомневања за подметнати експлозивни направи, напиша Свечља.

Од косовската полиција за регионот Север потврдија за медиумите дека во Центарот во Звечане се откриени две експлозивни направи, кои подоцна се уништени.

Министерот Свечља порача дека овие настани „покажуваат што би се случило на граничните премини (со Србија) Јариње и Брњак доколку таму немаше присуство на специјалната полиција”.

Србите незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички шести ден протестираат кај административните премини Јариње и Брњак.

Денес околу пладне преминот Јариње го надлетувале авиони на српската војска, слично на борбените хеликоптери кои вчера летаа во таа област. Појавата на авионите демонстрантите ја поздравиле со аплауз и извици „Србија, Србија“.

На двата премини се распоредени специјални сили на косовската полиција РОСУ. На северот на Косово од Србија може да помине само пешки.

Единиците на српската војска се во највисока борбена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар.

Би можело да ве интересира

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Влада на Косово: Посветени сме на целосна нормализација на односите со Србија и меѓусебно признавање

Стејт департмент: Забележливо повлекување на српските сили долж административната линија

Катерина Ѓуровски

Уапсен Милан Радоичиќ

Катерина Ѓуровски

Курти: Србија работи на воени планови за анексија на Косово

(ВИДЕО) Петковиќ покажа слика од убиениот Србин: Егзекуцијата е извршена лице в лице

Катерина Ѓуровски