ВИДЕО: Косовскиот претседател Тачи ги потпиша законите за формирање Армија на Косово

Од:

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, ги потпиша трите закони што го менуваат мандатот на Косовските безбедносни сили во Армија на Косово.

Kosova zyrtarizon krijimin e ushtrisë (Drejtpërdrejt)

Posted by Hashim Thaçi on Петок, 28 декември 2018

Станува збор за Законот за Министерство за одбрана, Законот за Косовските безбедноси сили и на Законот за службата на безбедносните сили, кои беа усвоени во косовското Собрание на 14 декември.

По потпишување на законите во неговиот кабинет во присуство на косовски војници, Тачи рече дека денеска се официјализира војската на Косово.

„Сакам како претседател на Република Косово и врховен командант на војската на Косово да им честитам на командантот, на сите војници, офицери, народот на Косово и се заблагодарувам на меѓународната поддршка, на САД и на сите сојузници“, рече Тачи.

Овој декрет стапува на сила на денот на потпишувањето.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Косовските Срби почнаа да се враќаат во државните институции

Во Косово уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница за издржување казна затвор од шест години

Косовската полиција заплени шверцувана стока од Македонија вредна 120.000 евра

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Кастрати: Целосен дебакл на Курти