Недалеку од Зеница еден човек петтта по ред зима ќе ја дочека во пештера, која ја има претворено во свој дом. Сакал да се тргне и да избега од луѓето.
57 годишниот Жарко Хргиќ некогаш имал нормален живот и семејство, а пештерата кај Зеница порано била магацински простор на каменоломот, ја пронашол пред триесетина години.
„Одбив да живеам во просторот кој ми го додели локалната заедница“, вели Жарко за агнецијата Анадолија, и додава дека не сака да се запознава со луѓе и дека во пештерата го има својот мир.
Храната не му била проблем, а ја наоѓа со собирање на сето она што го фрлаат другите.
„Единствен проблем е што секогаш морам сам да чистам, бидејќи снегот знае да го затрупа влезот некогаш. Најлош период е кога ќе падне дожд, зашто тогаш водата влегува во пештерата“, вели Хргиќ.
Овој човек се навикнал да спие и на температура од 25 степени под нулата и открива дека и покрај се, никогаш не е болен. Вели дека му е чудно што луѓето, кои понекогаш доаѓаат, постојано се жалат на некакви настинки.
„Тие живеат во станови и имаат се. Мене ми е подобро отколку ним, а имаат сто пати подобри услови од мене“вели Хргиќ.
Жарко, некогаш имал свој стан во Зеница, во 1986 година прв пат отишол во Германија, од каде властите шест пати го протерувале бидејќи нелегално престојувал во земјата.
Во младоста бил добар сликар, но веќе не се занимава со тоа 25 години, но е убеден дека повторно ќе почне некој ден.
„Доаѓа подобро време за мене. Завршена е оваа етапа од мојот живот“, вели тој со оптимизам и открива дека наскоро неговиот син ќе го земе кај себе во Бусовача.
http://youtu.be/RviY64wF7Fg
Пештерскиот човек сред Европа уверен е дека до Нова Година ќе ја остави пештерата зад себе и дека со заминувањето во стан ќе стане сосема обичен човек кој живее во нормални услови.